Како да направиш добар newsletter

Со падот на ричот на Facebook и Instagram, e-mail маркетингот е една од најефикасните маркетинг алатки.

Без разлика дали си маркетер, дизајнер, продавач, акаунт менаџер, сопственик на компанија или ентузијаст кој сака да подобро да комуницира во деловниот свет, овој текст е за тебе. Собирање адреси на потенцијални корисници без да се одржува комуникцијата со нив е нешто што сè уште се прави. Е-mail маркетингот сам по себе е многу моќна алатка, доколку се знаат правилата на игра. Го користат најуспешните компании, а комуникацијата со потрошувачите носи зголемена продажба, без разлика за каков тип на продукт, бизнис или организација станува збор.

Зошто Email Marketing? Какви резултати носи за бизнисите? 

Тоа што го прави e-mail маркетингот една од најинтересните маркетинг алатки за мене, се резултатите кои ги постигнува за компанијата. Процесот на стратешко планирање на насоката во која ќе одиме со кампањата и креативниот дел (дизајн и копирајтинг) се подеднакво интересни. Во моментов просечниот органски досег на e-mail пораките (на светско ниво) е поголем од 20%, додека на социјалните мрежи е 2%. Тоа значи дека со 0 буџет, нашата порака ќе стигне до повеќе луѓе преку e-mail.

Што треба да знаат идните e-mail маркетери и оние кои сакаат да го имплементираат овој канал во своите маркетинг стратегии?

The competitors can not outyou you. Твојот е-mail маркетинг треба да го отсликува духот на компанијата, и да ги носи вредностите зад кои стоите. Затоа, нема универзален рецепт за тоа како треба да изгледаат твоите кампањи. Публиката добива впечаток за компанијата преку твојата интегрирана маркетинг стратегија. А e-mail сандачето е најблиску до публиката што ти можеш да стигнеш. Затоа, земи го духот кој го носи твојата компанија, и оди еден чекор подалеку. Тука (во нивниот inbox) треба да комуницираш како да се познавате многу, многу добро. E-mail маркетингот е каналот преку кој можеш да направиш силна конекција со твоите потенцијални клиенти. Step outside the box!

Во време кога сме преплавени со информации, нашето e-mail сандаче сè уште е под наша контрола.

Луѓето кои спаѓаат во категорија busy professionals го знаат тоа, па така ги контролираат информациите кои сакаат да ги апсорбираат. Во денешно време можеш да бидеш subscribed за newsletter-и од твоите омилени продавници, кафичи, медиуми, па сè до големи компании или институции. Едноставно функционира. А од друга страна алатките за дизајнирање и испраќање мејлови се попрактични и поедноставни од било кога.

Како да започнеш со подготовка на еден њузлетер

  • Прво, запрашај се која е целта на мејлот. Што сакаш да постигнеш, т.е која е твојата порака?
  • Вториот чекор е наслов – како ќе посакаат оние на кои им го испраќаш, да го отворат? Насловот треба да биде интересен, ама да не открива премногу.
  • Каков ќе биде дизајнот? На кој начин ќе ја воодушевиш твојата публика и ќе ја мотивираш да ја направи посакуваната конверзија? (продажба, посета на екстерен линк итн). Провери како ќе изгледа и на мобилен, сепак поголемиот дел од твојата публика има смартфон.
  • На која листа ќе го испратиш, т.е која е публиката на која сакаш да и се обратиш?